Досега неколкупати сме ја виделе Тијана Дапчевиќ како гостинка и дел од жирито на шоуто „Никогш не е доцна“, но секогаш останало само на таква позиција во однос на учеството кога се ваквите музички шоуа во прашање.
Со стартот на есента почнуваат и снимањата на новите сезони, а меѓу ваквите телевизиски проекти во реализација на „Пинк“ продукција, се и „Пинкови ѕвездички“.
Од продукцијата веќе го објавија и првото видео од снимањето на новата сезона, а со тоа го претставија и жирито.
View this post on Instagram
Меѓу судиите од црвените фотелји се веќе добро познатите: Леонтина Вукомановиќ, Сергеј Чектовиќ, Јелена Томашевиќ, но и новите Анѓелина и нашата Тијана Дапчевиќ која возбудено ја најави својата нова улога.
View this post on Instagram
Снимањата се во тек, а засега е непознато на која македонска ТВ фреквенција ќе имаме можност да го гледаме ова популарно музичко шоу каде ќе погледнеме многу детски таленти од целиот регион.
фото:Инстаграм Тијана Дапчевиќ/Пинк