Радио Милева решен проблем

Момчето на Теа Таировиќ искешира 17.000 евра – пејачката не заврши на списокот со забранет влез во Германија (фото)

Момчето на Теа Таировиќ искешира 17.000 евра – пејачката не заврши на списокот со забранет влез во Германија (фото)

Иако по неодамнешниот инцидент на аеродромот се пишуваше дека тамошните власти би можеле да и забранат на пејачката да влгува во нивната земја, тоа нема да се случи.

Момчето на „кралицата на бакшишот“ го отворил паричникот за да и помогне на својата избраничка да го реши проблемот што настанал во Германија.

– На најпопуларната пејачка Теа нејзиното момче и кажа дека ќе плати за сè. За него велат дека се работи за богат бизнисмен и дека за него овој трошок е смешен. Таа не открива за кого се работи, врската ја чува во тајност, но ја прифатила помошта на своето момче бидејќи нема време сама да се занимава со прашањето за забраната. Работи нон-стоп и нема време за тоа-тврди добро упатен извор.

Пејачката имала проблем бидејќи потрошила повеќе отколку во земјите на Шенген листата.

– На аеродромот е откриено дека Таировиќ поминала повеќе од 90 дена во посед на земји од Шенген-листата, а тоа за туристи не е дозволено. Бидејќи и нашле поголема сума на пари, а дозволено е да се префрлат и до 10.000 евра од земја до земја во рамките на ЕУ, тоа се смета за тероризам. Кога сфатила дека добива забрана, Теа морала веднаш да го реши проблемот со оглед на тоа што најмногу настапува во дијаспората – вели информираниот извор и додава дека нејзиното момче веднаш се понудило да го реши проблемот.

Како што пренесуваат медиумите, само услугите на адвокатот кој мора да учествува во овој случај ќе ја чинат пејачката 12.000 евра.

На крајот, трошоците за нив ќе бидат повеќе од 17.000 евра, но тие се подготвени да дадат многу повеќе. Ако се укине забраната, Теа може непречено да продолжи да работи, па се труди што побрзо да ја реши целата ситуација – вели соговорникот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ч.Вукојичиќ

To top