Братот на пејачка Ана Николиќ, Марко Николиќ, вчеравечер физички нападна новинарка на српски Курир и порача дека ќе и ја откине главата…
Марко пред личното обезбедување на својот зет, удри по новинарката, а потоа кажа и заканувачка порака. Нападот се случил на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околи 23:20 часот, каде новинарскта екипа го очекуваше Раста, а со него се појави и братото на Ана.
Новинарката му пријде на Раста и го праша „Како помина во Шведска“, а тогаш следеше и нападот од Марко Николиќ.
„Дојди ти ваму“ и кажа, ја повлече и удри во рамо и се закани „Тебе ќе ти ја скинам главата“, се закани братот на Ана.
Новинарката видно потресена и во солзи се исплашила за својата безбедност.
Редакцијата на Курир.рс очекува итна реакција од надлежните органи и наскроги санкции за физичкиот напад на новинарката и заканите по смрт.