Радио Милева женска журка

Елеонора Миљковиќ правеше моминска вечер: Македонската ријалити ѕвезда наскоро ќе биде невеста (ФОТО)

Елеонора Миљковиќ правеше моминска вечер: Македонската ријалити ѕвезда наскоро ќе биде невеста (ФОТО)

На некогашната македонската ријалити учесничка, кусо ТВ водителка и топ модел Елеонора Миљковиќ перидов може да се каже дека и „цветаат рози“. До душа она главното уште не дошло, но каде и да е – тука е, на само неколку чекори од прагот… Истиот оној праг, преку кој в раце, како што е обичајот, идниот сопруг треба да ја пренесе и внесе во нивниот иден заеднички дом. Се разбира, откако ќе дојде денот на венчавката и свадбата, јој е најавен наскоро…

По свршувачката,  откако Елеонора Миљковиќ најпрвин беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска, македонската ријалити ѕвезда  направи и веридба, а по веридбата, како што е редот ја најавија и свадбата.

Но пред свадбениот чин постои еден обичај кој се нарекува ергенска за идниот младоженец, односно моминска вечер за идната невеста. Демек, последна средба и забава до зори со другарите односно другарките на секој одделно од идната брачна двојка.

Елеонора беше првата што го искористи своето право да биде цела вечер исклучиво со женско друштво на кое „се’ му е допуштено“, кога е забавата во прашање… Се разбира „не баш се’“, односно забава да, ама до пристојни граници, што Нора и го направи.

Под мотото : „Ќе биде невеста“ таа ги собра најверните другарки на женска журка во една позната скопска кафеана во која уживаа до доцна во ноќта.

Од музика нема ше што нема на репертоарат, а да е нарачано… Од Цеца и „Београд“-е, белким како носталгија по престојот и водителската работа на „Ред ТВ“, а можеби и по нешто што е „тајно моја“…?

 

…Па се’ до синхронизираниот „танц на идната невеста и другарките “ во „Макарена“. Важно е да е весело… А и тоа како било!

Идната невеста пак, како и секогаш атрактивна, згодна и сексапилна. На својата моминска како „дама во црвено“… Од горе до долу. Од тесено припиен долг фустан со гол грб до тангата, вклучувајќи ја бојата на лакот на ноктите и накитот.

Расположена, насмеана, распеана, Нора како што е редот, била главниот штимунг мајстор во церемонијата… А кога песната ќе те погоди, се фаќаш за првото што ти е при рака.

 

Ако не е микрофон, тогаш дај што ќе дадеш, па макар било тоа и шише, како замена за пеење на песната… Среќа што на моминска вечер на масата нема машки!?

Покрај убавиот декор со украсни машни и балони меѓу кои и оние во облик на венчален прстен, тука била и моминската торта сукрасена со веќе споменатиот натпис: „Ќе биде невеста“! Ваква, кој не би посакал?

А кога сме веќе кај сакањето, на моминската вечер на Елеонора присуствувала и нејзината помала сестра Мила. Мила ем драга, поголемата на помалата сестричка и испрати бакнежи на нејзините румени образи со една голема желба и таа еден ден да и дојде на ваква прослава или едноставно кажано: „Ајде, па и на твоја глава“!

И додека веселато женско друштво ја славеше последната моминска забава со ваков брачен статус, некој дома ја чекаше верно како пес. А како поинаку, кога всушност верноста му е во генот…

До душа, ако подобро погледнете на фотографијата, всушност не е еден, тулку се двајца… За влакнестиот претходно кажаното сигурно важи, а за овој другиот… Белким и за него! Кој и да е,  особено ако е тој, кој допрва треба да ја прави својата „последна соло ергенска  забава“ со другарите!

Како и да е,  Елеонора Миљковиќ правеше моминска вечер како потврда дека македонската ријалити ѕвезда навистина наскоро ќе биде невеста!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

 

 

 

To top