Радио Милева очајна

Фолк пејачката поминува низ пекол: Oбожавателот на Рада почна да објавува порно фотографии и тврди дека спиел со неа (фото)

Фолк пејачката поминува низ пекол: Oбожавателот на Рада почна да објавува порно фотографии и тврди дека спиел со неа (фото)

Поранешниот учесник на реалното шоу „Парови“ Дарио Шогоровиќ, кој тврди дека е жесток обожавател на Рада Манојловиќ, со денови не ја остава на мира пејачката иако таа го пријавила во полиција за малтретирање.

Како што сега се наведува, тој и понатаму и праќа пораки на пејачката преку социјалните мрежи, ја демне и прави гнасни фотомонтажи само за да ја понижи.

Дарио објави неколку фотографии од непознати девојки, тврдејќи дека на нив е Рада, иако тоа нема врска со вистината, а патем ја користи секоја прилика да ја оцрни пејачката само затоа што таа негирала дека некогаш била блиска со него.

– Рада веќе го пријавила Шогоровиќ во полиција за прогонување и малтретирање, но тој не запира! Сега подготвува тужби, се ќе реши на суд бидејќи виде до каде отиде целата приказна. На Рада и се јавуваат од сите страни, загрижени се затоа што не знаат што може да направи овој човек. Некои велат дека е манијак, доаѓал на нејзините настапи, редовно молел за фотографии, но тоа е се. Никој не ја знае причината зошто наеднаш почна да изнесува вакви невистини во јавноста, да прави фотомонтажи и да пишува се и сешто – изјави извор близок до пејачот, објаснувајќи дека Дарио веројатно веќе знае дека се ќе заврши на суд, но дека намерно сè работи против:

-Тоа момче мисли дека се може да се реши со пари, дури и на суд. Сигурно видел дека Рада го пријавила во полиција, дека се ќе оди на суд, па намерно продолжува да пишува гадни работи за да покаже дека не се плаши. Рада е под притисок бидејќи блиските луѓе читаат секакви работи, се потресуваат, па и се јавуваат да видат дали е се во ред. Затоа пресече и рече дека ќе го тужи и за душевна болка.

Да потсетиме, Шогоровиќ почна да шири информации во медиумите пишувајќи на Инстаграм дека на Рада и платил 10.000 евра да ја помине ноќта со неа, како и дека правел работи со неа, што многумина не би ги дозволиле.

Рада Манојловиќ неодамна за медиумите изјави дека веќе запознала такви мажи кои употребувале лаги само за да ја повредат.

– Ова не е прв случај, што е најлошо во целата приказна. Вакви работи ми се случиле и порано, но не беа објавени. Случајот го пријавив во полиција, знаете ли колку пријави имам во полиција, но ова  излезе во јавноста. Момчево е само едно во низата, имав слична ситуација кога едно момче ме навредуваше и понижуваше до максимум само за да му се јавам. Сигурна сум дека во психијатријата има објаснување за вакви случаи, но јас не сум експерт и воопшто не сакам да навлегувам во сето тоа – објаснила пејачката.

Фото: Принтскрин/Дамир Девишагиќ

To top