Радио Милева исповед

„Лекарите ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да одам”- Орландо Блум проговори за тешкиот период во животот (фото)

„Лекарите ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да одам”- Орландо Блум проговори за тешкиот период во животот (фото)

Актерот Орландо Блум за прв пат проговори за тешкиот период во својот живот.

“Кога имав 19 години, паднав од третиот кат и го скршив грбот. Имав многу среќа што преживеав, ‘рбетниот мозок ми беше недопрен. Сепак, по несреќата, лекарите ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да одам”, рекол тој.

Морал да оди на операција на ‘рбетот, а опоравувањето било долго.

„Месеците по несреќата беа исклучително тешки. Отсекогаш бев физички активен и одеднаш морав да се одморам. Болката беше неподнослива“, додаде тој.

Претходно на својот Инстаграм профил објави фотографија на која вози велосипед по несреќата која се случила во 1998 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

„Избегнав смрт и парализа. Секој ден сум благодарен за екстремитетите што ми дозволуваат да ги поместам моите граници и да живеам на работ (иако сега го правам тоа повнимателно)“, напиша тој.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Орландо Блум

To top