Радио Милева потврди

Александра Николиќ ја напушта „Задруга“- Дејан Драгојевиќ уплашен за нејзиниот живот (фото)

Александра Николиќ ја напушта „Задруга“- Дејан  Драгојевиќ уплашен за нејзиниот живот (фото)

Девојката на Дејан Драгојевиќ, Александра Николиќ наскоро ќе мора да ја напушти „Задруга“.

Имено, Дејан Драгојевиќ откри дека Александра која без него влезе во шестата сезона на најпопуларното реално шоу мора итно да се оперира бидејќи и пукнале силиконите во градите.

– Се плашам да не умре од сепса, тоа се сериозни работи и се може многу лесно да се искомплицира, поради тоа сум во хаос – рекол Дејан.

– Страшно ја болат градите, и пукаат силиконите, тоа не е воопшто наивно, но лекарите веројатно ја направиле најдобрата проценка што и како треба да се направи и наскоро ќе ја оперираат. Веќе ја однесоа на преглед и закажаа операција за неколку дена, но се плашам за неа бидејќи тешко ја поднесува болката. Ѝ дадоа лекови да ги помине овие неколку дена до таа интервенција, се надевам дека се ќе биде добро, но не можам да не се грижам. Би ми било полесно да бидам таму со неа, но дефинитивно ќе бидам со неа кога ќе биде хоспитализирана но и потоа, додека трае постоперативното закрепнување.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Д.Драгојевиќ/З.Илиќ

To top