Радио Милева сама

Јована Љубисављевиќ проговори за емоционалниот статус, откако повторно е фатена во друштво со поранешниот на Цеца (фото)

Јована Љубисављевиќ проговори за емоционалниот статус, откако повторно е фатена во друштво со поранешниот на Цеца (фото)

Водителката Јована Љубисављевиќ проговори поради гласините дека е во емотивна врска со менаџерот Богдан Срејовиќ, поранешниот на Цеца Ражнатовиќ.

Имено, иако бројни факти го говорат сосема спротивното, Јована ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека е сингл.

– Сама. Среќна. Своја- кратко и јасно објасни Љубисављевиќ.

Да потсетиме, поранешната мисица беше забележана во друштво на Богдан недолго по раскинувањето на емотивната врска со поранешниот задругар Стефан Кариќ, а изворот за тамошните медиуми изјави дека цела вечер биле многу блиски, како и дека си размениле телефонски броеви. Истата вечер двајцата се заследеа на Инстаграм, но кога приказната стигна до медиумите тие ја демантираа.

Многумина беа изненадени од тоа што самиот Срејовиќ се огласи, бидејќи не комуницираше со медиумите во текот на целата врска додека беше со пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, како и по нејзиниот прекин.

Набргу потоа Осман Кариќ, таткото на нејзиниот поранешен партнер Стефан, преку социјалните мрежи потврди за нивната врска :

– Хејтери, се надевам дека сте задоволни. Оставете ме мене , син ми и мојата сопруга на мира!

Јована и Богдан пред неколку дена повторно беа мета на папараците, а потоа на Инстаграм објавија фотографии од истиот ресторан.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top