Една од најпознатата јавни лица во Македонија, ТВ водителка и влијателна инфлуенсерка Миа Костова блескаше на својата роденденска забавата за нејзиниот 38-ми роденден, во друштво на нејзините најблиски пријатели.
Иако на дамите не им се бројата годините, русокосата и самата се пофали и со возраста и со екипата и со славеничката атмосфера, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи од познатиот скопски локал во кој го славеше роденденот.
„На цели 38, богатство е да ја наполниш масава со најблиските“ – напиша Миа и сподели фотографии од моментите на среќа при прославата роденденот.
Меѓу присутните на роденденот и добро познати и популарни лица како Тамара Тодевска, која беше една од гостинките на роденденот на Миа. Инаку двете русокоси важат за многу блиски пријателки.
Покрај доброто друштво, убавата музика и одличната храна, не изостана и моментот на кулминација на „денот што го чекаме цела година“ – роденденската торта!
Миа самата ја донесе , како што и самата ги дувна свеќичките со роденденската бројка, а нејзината желба остана тајна во кругот на најблиските.
Освен ако тоа не е онаа истата, долгогогодишна, која славеничката до сега не си ја остварила , а има и тоа како силна желба, а и намера, па затоа и јавно ја кажува во своите изјави и интервјуа:
„Имам една долгогодишна желба која никогаш не поминала, а тоа е да се преселам на море“ – потврди неодамна Миа за еден македонски портал. Македонија ионака е земја на гурбетџии или во последниве години земја на население во заминување, па ако можат сите други, што да не може и таа?
Едно е сигурно дека со неа секако би пошле и нејзиното синче Андрија, а веројатно и нејзината партнерка Тијана која беше најприсна со славеничката на роденденската забава, која дополнително ја сподели својата роденденска честитка до Миа, со фотографија и италијанско-англиска порака:
„Среќен роденден љубов… те сакам засекогаш“ – и порача Тијана…
…А откако си паднаа една на друга во роденденска прегратка која дополнително ги разбуди нивните емоции, Тијана се надополни со, за неа единствената од сите животни опции:
„Секогаш моја“!
Она што е впечатливо и забележливо, е дека на роденденската забава кај Миа Костова имаше познати фаци, насмеани лица, грст емоции и невообичаено чуден дрес код… Случајно или намерно, сите беа облечени во црно!?
Како и да е, 38-ката на Миа со среќа нека и е!
Фото: Инстаграм принтскрин/tijanaskulicc/miandrija