Мегафон

„Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ на 11 декември во Македонија

„Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ на 11 декември во Македонија

11 декември е датумот резервиран за премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е бендот, чиј вокал, неверојатната Маргерита Абита од Сицилија пред светот ја претстави магичната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“. Начинот на кој Маргерита ја отпеа оваа традиционална песна, на чист македонски јазик ги собра симпатиите на јавноста, и не само домашната.

Концертот на Barcelona Gipsy Вalкan Orchestra (BGKO)е закажан во Македонската Филхармонија, со почеток во 20 часот, а екипата составена од Италијанката Маргерита Абита (вокал), Иван Ковачевиќ(контрабас, Србија)Стелиос Тогиас(перкусии, Грција)Жулиен Шанал (гитара, Франција)Чави Пендон(кларинет, Шпанија),Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) иФернандо Салинас (хармоника, Шпанија) по 6 издадени албуми, концерти во повеќе од 40 земји, повеќе од 160 000 следбеници и 90М прегледи, доаѓа во Скопје во рамки на концертната турнеја по повод јубилејната 10. година од основањето.  

Меѓу нивните последни интерпретации на традиционални песни од сите краишта на светот е и, како што велат самите, безвременскиот класик, нашата „Море сокол пие“, а на 11 декември публиката ќе може да ужива уште и во изведбите на „Македонско девојче“ и веселата и ритмична румба на кралицата на ромската песна Есма Реџепова – Теодосиевска „Калеја Јаца“. Kalejaca Jaca – Barcelona Gipsy balKan Orchestra.

To top