Ријалити ѕвездата Станија Добројевиќ никогаш не криела дека има пари, но и како ги добила. Сега таа откри како ги заработила првите 100.000 евра и како го купила својот прв недвижен имот.
– Првиот стан како девојче го имав во Нови Сад, а мајка ми беше најсреќна кога решив да купам стан во нивна близина во Рума. Го заработив тој стан од „Задруга 2“ и го продадов тој стан во Нови Сад. Сега имам стан од 120 квадрати. Не би зборувала за бројки, колку и да чини, тој сега е мој дом – вели поранешната задругарка.
Како што вели, во Америка живее во куќа, која сама ја отплаќа.
– Куќите таму се прескапи, од 300.000 најевтини до неколку милиони. Таму земате заем, кој можете да го вратите со текот на годините. Живеам во Њу Џерси во куќа, а мојата компанија е во Мајами.
Станија откри и како ги заработила првите 100.000 евра.
– Парите ги заработив во казиното како”blackjack” дилер. Прва работа, дојдов како студент и заработував 1.000 долари дневно. Само што работевме таму и после неколку месеци гледаш колку имаш на сметката и тоа е шок. Тогаш реков дека нема да застанам додека не заработам 100.000. Затоа што кога ги правев првите даноци,значи заработуваш како 45, 50.000 месечно, за мене беше како да сум на врвот на светот – вели Станија, а потоа додала:
– Се вратив во Србија, купив стан и автомобил и повеќето пари ги потрошив на патувања. Не се каам за тоа – вели Станија Добројевиќ.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичиќ/Инстаграм