Радио Милева љубовен избор

Тијана Ајфон го разврза јазикот и проговори за „авантурите“ на Маја Маринковиќ (фото)

Тијана Ајфон го разврза јазикот и проговори за „авантурите“ на Маја Маринковиќ (фото)

Маја Маринковиќ крена голема прашина со учеството во „Задруга“, а сега се огласи и пријателката на старлетата, Тијана Максимовиќ, попозната по прекарот Ајфон, која даде свое мислење за љубовниот избор на Маринковиќ.

Имено, Маринковиќ за краток период успеала да го освои срцето на Марко Марковиќ, но била поврзана и со некои нејзини цимери што поради романса што поради расправии, а Ајфонка истакнува дека е премногу горда на неа:

– Прво да кажам дека ми недостига и дека одам да и се јавам десет пати на ден и потоа се сеќавам каде е. Оваа сезона Маја покажа што значи однесување на една дама! Премногу сум горда и ја има мојата поддршка – одговорила Тијана, а потоа открила како гледа на односот со Марко:

– Што се однесува до нејзината врска со Марко, зошто да не?! Убаво момче, паметно, внимателно. Тој не е „Индијанец“ како нејзините претходни избори. Мислам дека не намерно влезе во таа врска, затоа што сепак тоа е Маја, нема што да докажува никому, може да има што ќе посака. Таа прави како што сака.

Тијана се осврна и на шпекулациите дека на Маја всушност и се допаѓа Ѕвездан Славниќ:

– Што се однесува до дружењето на неа и Ѕвездан, не гледам ништо лошо, па таа има пријатели и надвор. Ѕвездан е толку фин и културен и мислам дека треба да се дружи и да поминува време со такви луѓе. Тој не е нејзин тип и премногу е смирен за неа. Мислам дека нема ништо повеќе од пријателство – истакнала Максимовиќ, а потоа се осврнала и на војната на Маја со Александра Николиќ:

– О, тоа со Алекс, тие тепачки. Не ми се допаѓа тоа! Но, мислам дека Дејан има големо влијание врз Алекс, има лошо влијание врз неа. Да не беше тој, немаше да се случат тие тепачки. Со Таки разговарам секој ден, многу го почитувам и ценам, а сите навиваме за Маја – вели Ајфонка.

Тијана го спомнала и Урош Ќертиќ, но всушност без пофални зборови за него:

– Урош е сериозен риалити играч, според мене иритирачки, но силен за играта. Тој само бара маркетинг. И да, сфативме дека е каскадер – заклучи  Тијана Ајфон.

Фото: Принтскрин/ТвПинк/Д.Цветановиќ/М.Рафаиловиќ/Блиц

To top