По тврдењата на „опседнатиот обожавател“ дека била интимна со него, се огласи и Рада Манојловиќ која откри за што се работи.
Имено, Рада Манојловиќ ги искористи зборовите на нејзиниот татко за да му се одмазди на овој млад човек.
– Ќе ги кажам зборовите на татко ми: „Ќерко, биди среќна, од толку лудаци на слобода, само еден ти се залепи“ – рече Рада.
Да потсетиме, станува збор за учесникот од реалното шоу „Парови“, Дарио Шогоровиќ, кој ја следи пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, често оди на нејзините настапи и сака да се фотографира со неа.
Пејачката, инаку, одлучи правдата да ја бара на суд, а преку социјалните мрежи испрати:
– Тужба, па лај“ – напишала Рада.
Инаку, тој објави „аукција“ на која тој што ќе понуди најмногу пари наводно го добива видеото од хотелот во кој наводно бил интимен со Рада Манојловиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм