Заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“. Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.
Ова беа написите кои деновиве осамнаа на порталите и во дел од електронските медиуми кои ги изненадија сите оние на кои љубовната бајка на двете македонски музички имиња им изгледаше како да ќе трае довека.
Сепак, оние подобро упатените и поблиските од нивното приватно и професионално опкружување, уште летоска почнаа „да шушкаат“, а јавноста да шпекулира за нивното раскинување кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа со нивниот заеднички одмор во Турција. Кризата во љубовта очигледно тлеела, но како и кај многумина се мислеше дека со заедничкиот одмор кризата е надмината, па двете распеани гулапчиња ќе продолжат меѓусебно да си гугаат. Арно ама…
Не помина долго време, за љубовната рана, очигледно недоволно зацелена одново да се отвори, а врската на двајаца естрадни уметници да „испука по сите шавови“ и конечно да заврши. И можеби нема ништо чудно ниту необично во сето тоа, доколку само неколку дена откако се обзнани дека „љубовната бајка“ помеѓу Антониа и Иван заврши, не почна второто полувреме од нивната „неостварена сага“.
Имено, чаршијата веднаш почна со шпекулира со причините за раскинувањето на пејачот и пејачката. Шушкањата полека прераснаа во гласни муабети, а кога за нешто гласно се зборува тоа бргу стигнува и во јавноста. Така, гласините дека Антониа и Иван не се разделиле туку така зашто љубовта наводно избледела, а емоциите меѓу нив преку ноќ исчезнале, дојдоа до новинарите, односно медиумите.
Извори блиски до доскорешните вљубени естрадни уметници почнаа да раскажуваат дека во заднина на крајот на љубовта се крие неверство! Поточно, причината за крајот на љубовната романса е прељуба… И тоа женска, од страна на Антониа?
Имено, пејачката наводно во последно време станала забележително блиска со еден од своите колеги-музичари од придружната група која ја следи на настапите. Добро информираните велат дека се работи за сајзеристот Роберт Спaсенцовски, инаку син на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски.
Дури и самата пејачка неодамна објави видео во кое насмеани, сами во соба вежбаат… песна за настап?!
View this post on Instagram
И тука нема ништо чудно доколку нема вистина во тоа дека Антониа и младиот музичар станале повеќе од само колеги и поблиски од само пријатели? Прашањето е дали?
Ако е вистина, тогаш за прељубата да биде поболна, а неверството пожестоко, треба да се знее дека машкиот учесник во прељубата е всушност добар пријател и на доскорешното момче на Антониа, Иван.
Веруваме дека се сеќавате на проектот „Џокер“ кој токму Иван Јованов го промовираше некаде во април месец годинава (2022), презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.
„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.
А всушност зад ликот на „Џокер“ се криеше токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски. Проектот мина како што мина, без којзане каков особен фидбек ниту меѓу публиката, ниту во медиумите, ама затоа доколку она што се случуваше потоа е вистина, може да се каже дека се граничи со „иронија на судбината!“
Дотолку повеќе што добро упатените велат дека Иван на својот пријател му помогнал и приватно кога наводно сите бегале од него, во моментите кога се нашол во една тешка животна ситуација.
За подоцна овој да му врати вака како што му вратил, секако, доколку во сето тоа има вистина, па „Џокерот“ да заврши во женски раце… Или поточно, доскорешниот пријател во прегратките на неговата девојка?
Конечно дали „коцкичките на мозаикот полека се склопуваат“ па целата слика наскоро јасно ќе видат сите, останува набргу да дознаеме. Особено доклку новата музичко – љубовна двојка реши и јавно да се покаже во јавноста, се разбира, ако воопшто такво нешто има? Или ако и го имало, можеби било само „излив на блискост проследена со размена на нежности во мигови на моментална слабост“?
Други пак велат дека ниту Иван не бил баш „цвеќе за мирисање“ и најверен во врската, па прељубата се случила уште претходно од негова страна, наводно со една млада сфаќа на една свадба каде што тој со својот „Либеро бенд“ свиреле, а Антониа потоа за случката и самата дознала?
Што и да е, нашиот медиум останува отворен да ги слушне и едната и другата страна… Или поточно сите, односно, трите страни!
Во меѓувреме, не сакаме да тврдиме дека бевме пророци, ама уште пред две години, наговестивме со веќе познати примери дека врската е тешко одржлива кога љубовта и славата ќе се измешаат…?!
Фото: Инстаграм принтскрин/jokerdam93/jovanov_ivan/antoniagigovskaa