Колку и да е убаво кога сте позната личност, толку големата популарност може да ви донесе и навистина грди моменти. Токму таков е случајот со фолк пејачката Рада Манојловиќ, со која очигледно е опседнат еден нејзин фан, па за да се обиде да го сврти вниманието кон себе пласира грозоморни тврдења и навреди.
Откако пејачката Рада Манојловиќ раскина со момчето и колега Харис Берковиќ, се јави „опседнатиот фан“ и обзнани дека наводно и платил 10.000 евра за да биде интимна со него.
Станува збор за учесникот на реалити програмата „Парови“, Дарио Шогоровиќ, кој ја следи пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, често оди на нејзините настапи и сака да се фотографира со неа. Таа учтивост на Рада да позира со обожавателка овој пат отиде предалеку. Тој распишал „аукција“ на која тој што ќе понуди најмногу пари наводно добива видео од хотелот каде што како што тој тврди, бил интимен со Рада Манојловиќ.
„Кој ќе плати најмногу, ќе му дадам видео од хотелот. И платив 10.000 евра, но нема што не и правев за тие пари“ – напишал меѓу другото Шороговиќ.
„Момчето созреа и се опамети, се разбира дека веќе не сте заедно и не сакаш да коментираш зошто. Го изневеруваше на секој чекор како што го изневери и со мене. Сè уште ги имам твоите голи слики од хотелот. Ја уништи кариерата на толку младо момче, ама затоа и ти се исуши и пропадна. Оној горе гледа се’ и враќа“, напиша тој.
Фото: Курир ТВ/Инстаграм принтскрин/radamanojlovic