Поранешните членови на групата „Хурикајн“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ се подготвени повторно да настапат заедно. Нема да имаат проблем да се соберат и да пеат на приватни веселби и свадби за 50.000 евра, иако соло кариерата ја започнаа пред еден месец.
– Групата „Хурикејн“ работеше многу добро, девојките беа барани во сите клубови, но и на приватни забави. Тие правеа феноменална атмосфера со песни, оро, но и флертувајќи со публиката и гостите. Бендот се распадна, почнаа соло кариера, но луѓето се уште ги бараат! Сакаат да ги слушаат, и тоа исклучиво заедно! И не само менаџерите на клубовите, туку и оние кои организираат приватни прослави и свадби – вели добро упатен извор.
Според него, „Ураганите“ решиле да ја зголемат цената:
– За нив владее општо бунило веќе неколку недели, но ги одбиле сите понуди, бидејќи им била понудена цифрата за која настапувале досега – 30.000 евра. Ако некој им даде повеќе пари, со задоволство ќе пеат заедно. Тие не се скарани, редовно се слушаат и се поддржуваат. Затоа не би им било проблем да настапат заедно, а единствениот услов им е да добијат 50.000 евра за тоа!
Тој додава дека бендот се распаднал затоа што Сања, Ксенија и Ивана сакале да заработат повеќе.
– Хонорарот им беше 30.000 евра. Меѓутоа, додека ги поделат парите со музичарите, менаџерите и другите луѓе кои работат за нив, не им останува многу. Кога сфатија дека индивидуално можат многу повеќе да заработат, решија да се разделат – вели соговорникот.
Приказна ја потврди и Ксенија Кнежевиќ:
-Ако некој добро плати, пак ќе се собереме да пееме на некоја прослава или настап. Заедно сме супер, често се допишуваме и не би ни било проблем да пееме заедно – вели Ксенија и открива со која членка на „Хурикејн“ подобро се согласувала:
– Сања ме нервира повеќе отколку Ивана, бидејќи постојано ме критикуваше дека доцнам. Но, таа беше во право бидејќи јас ретко пристигнувам во одреденото време.
Фото:Принтскрин/Марко Џоковиќ/Д.Живанчевиќ