Радио Милева агресивно однесување

Анџелина Џоли поднесе нова тужба и ги откри грозоморните детали од конфликтот со Бред Пит (фото)

Анџелина Џоли поднесе нова тужба и ги откри грозоморните детали од конфликтот со Бред Пит (фото)

Актерката ги откри деталите во тужбата што ја поднела како дел од нивниот спор околу сопственоста на винаријата Шато Миравал во Франција, која тие ја поседувале заеднички.

Нејзините адвокати тврдат дека преговорите на поранешните сопружници да му го продадат нејзиниот удел нему пропаднале откако Пит побарал од Џоли да потпише изјава во која вели дека Џоли нема јавно да зборува за физичкото и емоционалното злоставување на Пит врз неа и нивните деца.

Адвокатите на славната актерка вчера поднесоа тужба во Лос Анџелес, а во неа има наводи и за тепачката во авионот на 14 септември 2016 година, која била поттик за развод.

Бред Пит наводно удрил едно од своите деца со тупаница по лицето, а друго го давел при  расправија со Анџелина Џоли за време на патување со приватниот авион, според судските документи поднесени во вторникот од неговата поранешна сопруга.

Некогаш беа еден од најпознатите холивудски парови,  а сега водат долготрајна битка за развод, која вклучува старателство над нивните шест деца и битка за поделба на нивниот заеднички имот, вклучително и винаријата и имотот во Франција.

Во документот се наведува дека „агресивното однесување“ на Пит започнало уште пред да се качи во авионот, кога се судрил со децата и Џоли.

Тепачката започнала во тоалетот на авионот, откако Пит изјавил дека Џоли е премногу попустлива кон децата.

Пит ја зграпчил Џоли за глава и ја тресел, а потоа ја фатил за раменици и повторно ја тресел пред да ја турне на ѕидот од тоалетот, се вели во документите, а пренесува „Variety“.

Џоли поднесе барање за развод неколку дена по летот.

Во годините што следеа, Пит и Џоли се бореа за старателство над нивните деца, три биолошки и три посвоени, како и за сопственост на луксузниот француски имот што го купија заедно.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

To top