Според медиумите, познатиот црногорски пејач Бојан Томовиќ (40) е уапсен во близина на Подгорица бидејќи возел под дејство на алкохол и го нападнал полицаецот.
Со оглед на тоа, пејачот бил приведен во полициска станица на распит и отрезнување, пренесува „Еxpress.ba“.
Бојан Томовиќ последниве години е на насловните страници поради неговите скандалозни изјави и смели потези. Бојан неодамна призна дека ја изневерил поранешната сопруга со братот на нејзиниот вујко пред неа, бакнувајќи се во уста додека биле пијани.
Пејачот , кој инаку боледува од биполарно растројство, е склон кон скандалозно однесување, за кое со години пишуваат медиумите низ регионот.
Фото:Принтскрин/Фејзбук