Ела Дворник (31) на своите следбеници им откри како нејзините ќерки Бали и Луми после долго време заспале попладне.
– Ретко се случува некој од нив да заспие попладне. И тоа е толку убаво. Живеам во моментот – напишала Ела со фотографијата.
Додека нејзините ќерки спиеле, Ела се препуштала на уживање. Легнала на креветот и веднаш направила селфи за Инстаграм.
Таа неодамна ги извести и своите следбеници како ја отстранила тетоважата на грбот. Покажа како изгледа целиот процес, а откри и зошто се одлучила на тоа.
– Одам на вториот третман за отстранување тетоважа. Никогаш не сум објавила фотографија како изгледа сега после еден третман, па со оглед на тоа што е релевантна тема, ќе ви дадам малку повеќе детали за тоа како изгледаше порано, каков беше процесот, болка, времетраењето – започнала Ела и покажа како изгледала тетоважата порано и како изгледа сега.
– Болката е 10/10, нема да ве лажам па да ме пцуете таму кога ќе ја вадите. Ова е фотографија од утрово. Како што можете да видите, многу помина со еден третман па вредеше болката – истакна таа.
Еден од следбениците ја прашал Ела зошто решила да ја отстрани тетоважата, а таа одговорила: „Па, грда е како смрт. Нема друга причина“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ела Дворник