Актерката и сопругата на кошаркарот Милош Теодосиќ, Јелисавета Орашанин, престојуваше во Париз, каде посети и фотографираше многу знаменитости на овој град, а ги објави во своите приказни на Инстаграм. Паузата во прошетката ја искористи за да се одмори и освежи.
Комбинацијата во која позираше за популарната социјална мрежа додека пиеше кафе, воодушеви многу обожаватели па не останаа без коментар за изгледот на актерката. Таа облекла избледени ѕвонасти фармерки со висок струк, кои ги спои со сиво сако и патики. Сепак, она што беше под јакната ја скокоткаше фантазијата на поединци.
Јелисавета се одлучи за кафена блуза која се врзува во пределот на градите, откривајќи го нејзиниот рамен стомак. Но, она што сепак е јасно е дека таа не носи градник под блузата. Длабокото деколте им овозможи на минувачите, како и на следбениците на Инстаграм да уживаат во глетката. Покрај тоа, таа ја пушти долгата коса да ѝ падне преку рамениците, а изгледот го комплетираше со очила за сонце.
View this post on Instagram
– „Уникатно“, „Јелисавета, убава си“ , „Најубава“ – се редеа коментари на популарната социјална мрежа.
Инаку, Јелисавета пред една недела излегла во кафеана со колегите од училиште, каде очигледно уживала. А нејзината фотографија од тој настан за само неколку дена доби илјадници лајкови, а смешковците во вид на срца и бакнежи го преплавија Инстаграм профилот на Јелисавета. Актерката сака да се облекува провокативно, некои би рекле смело, негувајќи го сопствениот стил.
Фото:Принтскрин/Инстагарам/Јелисавета Орашанин