Радио Милева прв брак

Пред принцот го бакнувала овој човек: Еве со кого се омажила Меган Маркл пред Хари и каков договор имала со него (фото)

Пред принцот го бакнувала овој човек: Еве со кого се омажила Меган Маркл пред Хари и каков договор имала со него (фото)

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл стана светски позната кога во јуни 2016 година стапи во врска со принцот Хари, за кого се омажи две години подоцна.

Оттогаш не стивнува интересот за нејзиниот приватен живот, а за неа често пишуваат светските медиуми, особено што таа и Хари ги напуштија кралските обврски.

Пред Хари, таа беше во брак со американскиот продуцент Тревор Енгелсон од 2011 година.

Венчавката на Енгелсон и Меган Маркл траеше дури четири дена. Се венчаа на плажа во Јамајка пред 100 гости. Но, не наликуваше на гламурозниот кралски гест кога се омажи за принцот Хари.

Меган тогаш носеше едноставен долг бел фустан со сребрен појас и пуштена коса, а младоженецот беше во бела кошула и панталони. Невестата потоа се пресоблече во жолто бикини и танцуваше на плажа со прекрасни луѓе и коктели до утро.

Овој пар, кој исто така ја делеше љубовта преку истата работа, беа заедно седум години, а се запознале во кафеана.

Меган го запозна Тревор во 2004 година, пред да стане позната во серијата „Suits“. Тие се забавуваа шест години пред да се свршат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promiflash (@promiflash)


По две години брак објавија дека се разведуваат поради „непремостливи разлики“. За пропаѓање на бракот придонесе и физичката дистанца, со оглед на тоа што Меган се пресели во Торонто поради работата, а Енгелсон остана да живее во нивниот дом во Лос Анџелес.

Малку е познато дека првите проблеми всушност започнале три недели пред самата венчавка, кога наводно Тревор цело време пиел од шише во шоу програма, што ја налутило Меган. Извор близок до парот тогаш откри дека таа постојано му праќала пораки „да го спушти шишето“ и дека изгледа „многу непрофесионално“, како и дека таа се засрамила од неговото недолично однесување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Story (@story.hr)


Инаку, британскиот таблоид „Дејли Мејл“ ексклузивно дознал дека Меган Маркл побарала од својот прв сопруг да потпише договор во кој е нагласено што сè ќе плати кога таа ќе биде бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promiflash (@promiflash)

Тревор морал да се обврзе дека ќе плати за личен тренер, нутриционист и дадилка за брзо да ја врати Меган на старите патеки по бременоста, како со животот и актерството, така и физички. Во Америка ваквите договори се доста популарни, но тие најмногу се базираат на поделбата на домашните работи и финансиите.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top