Поранешната реалити учесничка Далила Драгојевиќ се всели во нов стан со нејзината пријателка Маријана Зоњиќ.
Тие две нашле поубаво место за живеење, па покажаа како го уредиле новиот дом. Во новата оаза на Далила преовладуваат белата и розовата боја.
Таа вчера отиде во шопинг за да ги купи потребните работи за куќата, па им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи.
Инаку, имаше гласини дека Далила раскинала со нејзиното момче Лука Николиќ, но тој ја демантираше оваа вест. Лука истакнал дека само се скарал со девојката, по што таа го напуштила неговиот стан, но додал дека сè уште се заедно.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Далила Драгојевиќ/Јутјуб