Радио Милева природата пред се'

Му се може многу повеќе, но нема ниту личен возач: Еве каков автомобил вози Новак Ѓоковиќ (фото)

Му се може многу повеќе, но нема ниту личен возач: Еве каков автомобил вози Новак Ѓоковиќ (фото)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња заработил доволно за да лета низ светот со приватен авион и крстарење со луксузна јахта, но што прави кога е на суво? Што вози Новак Ѓоковиќ?

Разбираме дека може да ја наполни гаражата со најскапи автомобили, но тој е, би рекол, прилично скромен во однос на приходите. Нема ни личен возач.

Кога неодамна беше во Белград со сопругата Јелена и ќерката Тара, беше забележан како излегува од белото „пежо 3008“ на паркингот. До март беше амбасадор на тој француски бренд, а проба и неколку модели. Бидејќи семејството Ѓоковиќ во меѓувреме порасна, грандиозниот „3008“ целосно ги задоволува нивните потреби.

Познат како вљубеник во природата и Никола Тесла, Новак решил да користи и автомобил кој го носи името на познатиот научник, а притоа користи електричен мотор кој не ја загадува околината. Ѕверот „Tesla X“ веќе е нешто поскап, основната верзија чини околу сто илјади евра.

Се проценува дека моделот што го вози Новак Ѓоковиќ чини најмалку дваесет илјади повеќе.

фото:Getty Images/ATA Images

To top