Мегафон

Весел почеток на есента со детската забава од Галеника

Весел почеток на есента со детската забава од Галеника

Детскиот џагор ја разубави забавата на Галеника во Градскиот парк во Скопје, каде на Школка се собраа стотици граѓани да и кажат „Здраво“ на есента. Топлите први денови од есента беа причина Скопјани во голем број да одговорат на поканата за една голема детска забава, а како сите се забавуваат е најдобро да ја разгледате галеријата со фотографии.

Најмладите со воодушевување ги посетија кошето со мини ликовна колонија каде редеа колажи и го цртаат „Здравко – здрав како лав“, додека пред ракометниот гол се натпреваруваа идните ракометни таленти.

Особено голем интерес привлече македонскиот шампион во решавање Рубикова коцка Ѓорѓи Чешмеџиевски кои ги воодушеви децата со брзите потези додека ги подредуваше боите на магичната коцка, а некои од момчињата се обидоа да покажат и сопствените вештини. Додека најмалите се фотографираа или снимаа видеа за спомен, за добра музика се погрижи DJ Mats и аплаузи мамеа и авторските музички хитови на Пајак и Антониа Гиговска.

To top