Куќата на водителката Николина Пишек и нејзиниот покоен сопруг Видој Ристовиќ се продава за 1.700.000 евра.
Луксузната вила се простира на 420 метри квадратни, а се наоѓа во населбата Шестине во Загреб.
Според информациите од рекламниот сајт, вилата се состои од вкупно 5 соби, односно голема дневна соба, кујна со пристап до базен, три спални соби и простор за персонал.
– Уникатна куќа лоцирана во Шестине на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планираното завршување на работите е во јануари. Опремена со материјали со врвен квалитет, алуминиумска столарија, греење со топлинска пумпа, подно греење поставено на целата површина на куќата, систем за паметна куќа, подготовка за соларни панели, подни облоги на целата површина на куќата – стои во огласот.
Инаку, медиумите шпекулираа дека вредноста на куќата до неодамна била околу 800.000 евра, а Николина и Видоје подигнале два кредити за да ја средат.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Николина Пишек