Портретот на кралот Чарлс Трети за идните британски монети, на кои ќе биде ликот на него, беше претставен во Кралската монетарница.
Тој портрет ќе биде прикажан на две монети во специјалната серија што го слави животот на кралицата Елизабета Втора, монета од пет фунти и монета од 50 пени.
Монетите ќе стапат во оптек „во наредните месеци“, најверојатно во декември, објави Кралската ковачница.
Официјалниот портрет на кралот на идните монети е дело на скулпторот Мартин Џенингс.
На задната страна на комеморативната монета од пет фунти ќе бидат прикажани два нови портрети на Елизабета Втора, потпишани од уметникот Џон Бергдал.
„Сите британски монети со ликот на Елизабета Втора ќе останат во оптек“, соопшти Кралската ковачница, која е одговорна за портретите на монети на кралското семејство повеќе од 1.100 години.
Во Обединетото Кралство во моментов има 27 милијарди монети на Елизабета II во оптек и тие постепено ќе бидат заменети како што ќе се оштетат, наведува Кралската ковачница.
We are proud to unveil the first official coin portrait of King Charles III which has been designed by Martin Jennings FRSS and personally approved by His Majesty.
The first coins to feature the effigy are part of a memorial collection for Her Late Majesty Queen Elizabeth II. pic.twitter.com/umrUBbUCBr
— The Royal Mint (@RoyalMintUK) September 29, 2022
Монетите со портретот на кралот Чарлс Трети постепено ќе бидат пуштени во оптек од декември 2022 година. Според Кралската ковачница, неговиот лик прво ќе се појави на монетите од 50 пени, а во согласност со традицијата, портретот на кралот е свртен лево, во спротивна насока од кралицата.
Фото:Принтскрин/Епа