Пејачката Анастасија Ражнатовиќ половина година ужива во љубовта со фудбалерот Немања Гудељ.
Таа сега на Инстаграм ја покажа својата романтична страна и објави неколку моменти со Гудеља, меѓу кои и заедничка фотографија од нивниот одмор.
Ражнатовиќ шест месеци од нејзината врска доби голем букет рози со специјална порака, а сè објави јавно и ги воодушеви своите следбеници на мрежите.
„Те сакам“, пишува од белите рози во букетот, а нема сомнеж дека пејачката ужива во новата врска.
Инаку, Анастасија неодамна откри дека не е во врска на далечина, туку дека има два дома, едниот во Србија, а другиот во Шпанија, каде што игра нејзиниот избраник.
фото:Instagram