Актерот Брус Вилис се повлече од актерството оваа година, откако му беше дијагностицирана афазија, а сега ги продаде правата за неговиот „дигитален близнак“ да се користи во филмовите.
Вилис е првиот холивудски актер кој целосно ја искористил таканаречената „deepfake“ технологија на овој начин. Овој потег доаѓа откако актерот се појави во телефонска реклама преку синтетички медиуми и му беше дигитално пресадено лицето на друг актер. Актерот сега му дозволи на „Deepcakeu“ американска компанија која произведува „дигитални близнаци“, да го користи неговото лице.
View this post on Instagram
„Ми се допадна прецизноста со која беше направен мојот лик. Тоа е мини-филм во мојот вообичаен жанр на акциона комедија. За мене тоа е одлична можност да се вратам во времето. Со доаѓањето на модерната технологија, дури и кога бев на друг континент, можев да комуницирам, да работам и да учествувам во снимањето“, изјави Вилис.
Да потсетиме дека Брус Вилис страда од афазија, медицинска состојба која влијае на неговите когнитивни способности. Со болеста се бори веќе две години, а последните филмови ги сними со помош на двојникот.
View this post on Instagram
„Сакавме да им дадеме до знаење на фановите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, и неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус си заминува од кариерата што му значеше многу, објави тогаш семејството Вилис.
„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, порачаа тие. Истата објава потоа се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/dobledebruce