И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30 Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура „Ацо Караманов“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.
На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“.
Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио.