Шакира и Жерар Пике ставија точка на нивната дванаесетгодишна емотивна врска. Фудбалерот на „Барселона“ наводно се иселил од семејната куќа откако неговата сопруга го фатила во врска со друга жена и веќе некое време живее сам.
Новинарите на шпанскиот дневен весник „Лорена Васкез“ и „Лаура Фа“ тврдат дека Пике се гледал со дваесетгодишна студентка која работела како водителка во Барселона. Згодниот фудбалер наводно неколку пати бил виден со својата сакана, а на крајот Шакира дознала за нивните средби.
Музичката ѕвезда молчеше четири месеци, за конечно да проговори како се чувствува откако заврши нејзината 12-годишна љубов, која и ги донесе синовите Милан и Саша.
‒ Бев тивка бидејќи се обидував да прифатам сè. Да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност, така што нашето раскинување не е како обично раскинување. Тешко е, не само за мене туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Се обидувам да ги заштитам – ја започна својата исповед Шакира за октомврискиот број на магазинот „Elle“, кој покрај прељубата на нејзиниот поранешен партнер, се соочи и со обвинувања за затајување данок од страна на шпанската влада.
‒ Се обидов да скријам сè од моите деца затоа што се обидувам да ги заштитам, тоа е мојата мисија број еден. Но, потоа слушаат некои работи од другарите на училиште или наидуваат на непријатни вести на интернет и тоа ги погодува. Понекогаш посакувам сето тоа да е само лош сон и дека некогаш ќе се разбудам. Но, не, тоа е реално. И сето тоа се случуваше токму во времето кога татко ми беше на интензивна нега, а јас се борев на различни фронтови. Ова е веројатно најтемниот период во мојот живот – рече таа и истакна дека ја запоставила кариерата поради нејзиниот поранешен сопруг.
‒ Ја ставив кариерата во мирување и дојдов во Шпанија да го поддржам за да може да игра и да освојува титули. А тоа беше жртва на љубовта – заклучила Шакира.
фото:Profimedia/Getty Images/Elle