Радио Милева се заљубиле

Се разгоре љубов за време на судењето: Џони Деп е во врска со адвокатката Џоел Рич (фото)

Се разгоре љубов за време на судењето: Џони Деп е во врска со адвокатката Џоел Рич (фото)

Актерот Џони Деп се забавува со адвокатката од Лондон  Џоел Рич која беше од адвокатскиот тим што го застапуваше на судењето за време на неговиот случај за клевета против весникот „Сан“ во 2018 година.

Иако многу се зборуваше за тоа дека Деп и адвокатката Камил Васкез се заљубиле еден во друг за време на нивната соработка, вистината е дека срцето на Џони го освоила друга адвокатка, Џоел Рич, пишува TMZ.

Според гореспоменатите медиуми, Џоел е омажена, но е во процес на развод, а од бракот има и две деца.

Рич не беше дел од тимот на неодамнешното судење на Деп и Херд во Вирџинија, кога актерот го доби случајот против неговата поранешна сопруга, но таа беше присутна во судот во знак на поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thepoptimes (@popscoped)

Што се однесува до Џоел Рич, таа е адвокат со седиште во Велика Британија, а нејзината биографија вели дека „работи на одбрана на угледот на клиентите од лажни и клеветнички наводи во печатените, онлајн и социјалните медиуми“. Понатаму се вели дека таа има „особена експертиза за заштита на приватноста на поединци од непотребен упад и медиумско внимание“.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/popscoped/Профимедија

To top