Радио Милева комоција на ниво

Ќерката заработи многу, па им се оддолжи: Еве како изгледа реновираната куќа на родителите на Цеца (фото)

Ќерката заработи многу, па им се оддолжи: Еве како изгледа реновираната куќа на родителите на Цеца (фото)

На сите им е добро познато дека балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ не живеела отсекогаш во Белград, но малкумина знаат како изгледа семејната куќа на Цеца во Житораѓа.

По потекло од ова гратче кај Прокупље, Цеца пораснала со сестра ѝ Лидија и родителите Слободан и Мира, а и денес не се срами од своите корени и гордо зборува за родниот град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Иако со години ужива во луксузот на вилата на Дедиње, пејачката не крие колку е приврзана за родното место каде што секогаш со задоволство се враќа да ги посети родителите и да се присети на избледените спомени, а ја реновирала и семејната куќа. а нејзината прва асоцијација со оваа куќа е луксузот.

Домот на Величковиќ е прекрасна вила со висока ограда и видео надзор, надворешните ѕидови се претежно од стакло, а изобилството зеленило што го опкружува остава впечаток на вистинска оаза на мир и спокој.

Нејзиниот татко, Слободан, моментално живее во куќата која Цеца ја приспособи и украси по нејзин вкус, додека нејзината мајка Мирјана повеќе време поминува во друга куќа, каде што се посветува на фармата.

– Би сакала да одам на село, но обврските не ми дозволуваат… Се гушам во смогот во Белград, страдам… – признала Цеца во една своја изјава, откривајќи дека би сакала да се врати на село.

фото:Инстаграм

To top