Македонскиот пејач Адам Лабунски е актуелен член на популарното регионално ријалити „Задруга 6“, во кое баш и не му „цутат рози“. како ни во српските, па и регионалните медиуми, а исто така и меѓу некои од колегите и колешките пејачи на естрадата.
Имено, Адам во „Задруга 6“ додека беше во дворот со Кристијан Голубовиќ и некои други задругари, беше нападнат од страна на Урош Чертиќ кој го искубал за косата, при што му откинал еден цел прамен. Причината наводно затоа што Адам тоа утро многу гласно пеел, па го разбудил Урош, кој вечерта доцна легнал, па бил спиен само 3 часа!
„Ти недостасува дел од праменот? О, па ти си правел надоградба“ – зајадливо му дофрли Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.
„Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме ‘македонско девојче“ – повторуваше зајадливо цело време Урош.
Откако Чертиќ упорно не престануваше со провокациите, обезбедувањето мораше итно да реагира.
„Ве молам, спасете ме, тој ми откорна половина коса“ – се жалеше пејачот додека гледаше во камерата и плачеше.
Од друга страна некои од српските портали во свите тазе написи одново потсетуваат на неговите скандалозни испади за време на учеството во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
„Адам Лабунски и стана познат на јавноста за време на неговото учество на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, но продукцијата го дисквалификува од натпреварувањето поради недолично однесување и покрај неговите блескави вокални способности. Адам се истакна по одличните вокални способности, но многумина сепак го паметат по скандалот што го предизвика неговиот татко во вториот круг“ – пишува на пример српски „Курир“.
Ништо помалку не е „отровна“ ниту неговата колешка која самиот Адам прв ја предизвика. Откако со своите изјави ја „влечеше за јазик“, дека цела вечер на еден сплав во Белград самата му се нафрлала, местела и нудела, пејачката Тијана Милентијевиќ најпрвин жестоко му возврати преку српските портали дека всушност „тој ја молел да му помогне да успее“, а сега познатата „Жена од султана“ јавноста ја бомбардираше со уште една шокантна изјава за Адам Лабунски, велејќи дека слушнала оти тој е хомосексуалец!
Како и да е, по се’ што му се случува последниве денови, излегува дека Адам Лабунски станува „мета за потсмев“… и „подкусурување“?!
Фото и видео: Јутјуб принтскрин/ Задруга