Радио Милева Бурни реакции

Јована Јеремиќ со една фотографија ги провоцираше сите: „Претеруваш со фотошоп, избриши ја веднаш“ (фото)

Јована Јеремиќ со една фотографија ги провоцираше сите: „Претеруваш со фотошоп, избриши ја веднаш“ (фото)

Водителката Јована Јеремиќ постојано го привлекува вниманието на јавноста, а така беше и сега кога поради фотографијата што ја објави на социјалните мрежи ја споредија со пејачката Дара Бубамара.

Дара веќе со месеци е на удар на негативни коментари и критики од корисниците на Твитер и Инстаграм за претерување со фотошопот, а сега во таа ситуација се најде и Јеремиќ.

Водителката беше мета на критики за фотографијата која ја објави на Инстаграм. Иако досега не користела многу апликации за разубавување, таа беше критикувана дека овој пат претерала.

– „Не можам да и оставам коментар на Инстаграм, но кажи ѝ да го избрише ова веднаш“, „И се восхитував на Јована што беше една од ретките што не го користи овој фотошоп што ги прави сите жени исти кукли, а сега ова“, „Тргнете се, жени, од тие апликации, изгледате како аватари“, „Претерувате, ова воопшто не ми изгледа премногу обработено“ – се нижеа коментарите на Твитер.

Според корисниците на социјалните мрежи, Јована успеала да не личи на себе, а еве за која фотографија станува збор:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

To top