Радио Милева верни

Гоца и Раша прославија годишнина од брак: Пејачката испрати емотивна порака (фото)

Гоца и Раша прославија годишнина од брак: Пејачката испрати емотивна порака (фото)

Пејачката Гоца и тапанарот Раша прославија седум години од брачниот живот. Гоца во оваа прилика ја фотографираше торта во форма на срце и на емотивен начин му ја честиташе годишнината на својот сопруг.

– Сакан мој, среќна седма годишнина. Од сè срце ти честитам што ме трпиш сите овие години (вкупно 11). Те сакам – порача Гоца преку социјалните мрежи.

Набргу потоа и Раша ја сподели истата објава на својот Инстаграм профил, а неговите следбеници им посакаа среќа, како и да останат заедно „барем пет пати подолго“.

Да потсетиме, Тржан и Новаковиќ својата емотивна врска ја започнаа во 2011 година, а се запознаа кога тој дојде на аудиција да биде член на нејзиниот пратечки бенд. За малку ќе добиеше отказ од истиот кога почна да се доближува до пејачката, но како одминуваше времето Гоца се помалку беше имуна на неговото додворување. Парот набрзо се сврши, а потоа стапна на „лудата карпа“ во 2015 година. Тие живеат во хармонична заедница со Лена, ќерката на Тржан од разведениот брак со ветеранот на реалити Иван Маринковиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гоца Тржан/Часлав Вукојичиќ

To top