Принцезата Хаја бинт Хусеин избегнуваше јавни настапи откако избега од шеикот Мохамед ал Мактум и побара азил кај кралицата.
Сепак, погребот на кралицата беше толку голем настан кој што ја принуди избеганата принцеза Хаја да се појави на свечената служба.
Во придружба на нејзиниот брат, принцот Хусеин бин Талалом од Јордан, Хаја присуствуваше на утринската богослужба во капелата Свети Џорџ, но не и на главниот настан. Причината беше појавата на нејзиниот поранешен сопруг, шеикот Мохамед ал Мактум, со кој сè уште е „во војна“.
Бидејќи постоела опасност шеикот Мохамед да стапи во контакт со неа, Хаја сепак го пропуштила погребот на кралицата која отсекогаш била нејзин голем заштитник.
Претходно истиот ден, шеикот дошол непоканет кај кралот Чарлс барајќи средба, што ја натерало Хаја да се исплаши и да се запраша: Дали ќе ја има заштитата на кралот како некогаш од кралицата Елизабета?
Имено, минатата година Високиот суд во Лондон и додели на принцезата Хаја целосно старателство над двете деца кои ги имаше со шеикот Мохамед по долгиот развод. Принцезата потоа добила 554 милиони фунти како дел од алиментацијата, кои планира да ги потроши на своите деца Џалила (14) и Зајед (9).
Принцезата Хаја беше една од блиските пријатели на кралицата Елизабета. Самата кралица ѝ дала заштита кога Хаја побегнала од Дубаи во Велика Британија од невнимателниот шеик.
Повеќе од очигледно е колку силно го погоди шеикот заминувањето на принцезата Хаја. Затоа што таа беше јавно најекспонирана, дури и најубава од сите негови шест сопруги за кои јавноста знае.