Радио Милева невреме

Лејди Гага низ солзи им се извини на обожавателите: „Морав да го завршам настапот, но беше опасно“ (фото+видео)

Лејди Гага низ солзи им се извини на обожавателите: „Морав да го завршам настапот, но беше опасно“ (фото+видео)

Поп-ѕвездата и актерка Лејди ГаГа (36) се расплака откако го прекина настапот во Мајами поради опасен дожд и грмотевици.

Во видеото кое го објави на Инстаграм, таа низ солзи се извини што го прекина концертот и призна дека нејзините обожаватели се надевале дека ќе настапи на дожд.

– Навистина напорно се трудевме да го завршиме настапот во Мајами, но не можевме, бидејќи дури и кога дождот некако престана, молњите паѓаа право во земјата толку блиску до нас – изјави Гага.

– Знам дека навистина долго време отсекогаш сум сакала да бидам таа хардкор „лоша кучка“, но она што навистина го сакам е да бидам одговорна и полна со љубов и не знам што би направила ако некому нешто се случи во публиката или кој било член на мојот тим или мојот бенд или моите танчери – објасни таа.

Таа се извини што не го изведе нејзиниот сингл „Rain on Me“ од 2020 година на дождот, но рече дека прекинот на настапот среде бура „беше здрава одлука“ и дека безбедноста на луѓето сè уште се нејзин прв приоритет.

– Жал ми е што не можев да го завршам настапот бидејќи беше премногу опасен бидејќи молњите беа непредвидливи и се менуваа од момент во момент – вели пејачката во посебно писмено соопштение.

– Видете, некои од вас со години ме нарекуваа „мајка чудовиште“, јас во моето срце знаев дека е подобро да се грижам за вас. Ви благодарам што верувавте во мене – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лејди Гага

To top