Радио Милева повреда

Актерката Кејт Винслет заврши во болнца во Хрватска (фото+видео)

Актерката Кејт Винслет заврши во болнца во Хрватска (фото+видео)

Легендарната актерка Кејт Винслет  пристигна во болницата во Дубровник откако се повреди за време на снимањето на филмот во комплексот Купари.

Кејт Винслет во болницата во Дубровник дошла со црно комбе во придружба на неколку луѓе, пишува „Дубровачки дневник“, а според неофицијални информации, оскаровката ја повредила ногата на сетот. Актерката пристигнала на влезот на Итната помош, а потоа заминала на задниот излез.

Купари е една од локациите каде се снима филмот за Ли Милер, чиј лик го толкува Кејт Винслет. Во актерската екипа се и Марион Котијар и Џуд Лоу, пишува „24 sata hr“.

Ли Милер е воен фотограф за „Вог“, а Купари беше избран поради стариот хотел, односно урнатините од пред неколку децении, кои во филмот ќе бидат искористени како илустрација за Втората светска војна.

Фото:Принтскрин/ Профимедиа

To top