Пејачката Марија Шерифовиќ ги загрижи своите фанови со новата фотографија на Инстаграм.
Имено, Марија на својата приказна објави фотографија на која држи маска за кислород додека лежи во темна просторија.
Па не се знае, дали лекарите морале да и дадат кислород на пејачката поради здравствени проблеми или пак се работи за нешто друго.
Марија не објасни зошто ја носи маската, туку покажа само со еден опис, додека нејзините следбеници на споменатата мрежа се прашувале што не е во ред со неа.
– Ух- напиша Шерифовиќ во описот на фотографијата.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ неодамна се најде во центарот на скандалот поради нарушување на јавниот ред и мир кога среде ноќ го запрела својот автомобил на улица и викала на непозната девојка.
Шерифовиќ призна дека имало инцидент и дека таа е таа на видеото кое кружи на интернет.
– Иако никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствената личност на која треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого – изјави тогаш пејачката.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ/Инсајдер