Радио Милева Жестока

Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ се опушти во ноќениот живот, па заигра на шипка (фото)

Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ се опушти во ноќениот живот, па заигра на шипка (фото)

Уште од моментот кога првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ им дозволи на медиумите да ѕирнат во нејзиниот приватен живот преку социјалните мрежи, Весна Јоксимовиќ е во центарот на вниманието.

Секој чекор на поранешната сопруга на музичарот се следи, а се чини дека таа не се грижи многу за тоа, барем не толку колку што мислеше кога беше во брак со пејачот.

За разлика од претходните години кога нагласуваше дека не ја интересираат медиумските настапи, Весна сега прави се за да ги заинтригира печатот и порталите да пишуваат за неа. Нејзиниот последен потег особено се истакна.

Имено, Весна излегла на вечерна забава со пријателите, каде лудо се забавувала со музика и пијачки. Таа во еден момент се приближила до шипката на подиумот и почнала да танцува на неа, додека сето тоа го снимала.

Коментарите кои следеа, откако Весна го објави видеото, се едногласни дека иако изгледа премногу добро и е многу енергична и има младешка енергија, сепак тоа не е соодветно за нејзините години.

Несомнено е дека истото го мислат и членовите на нејзиното сегашно и поранешно семејство, особено Жељко.

фото:Инстаграм/принтскрин

To top