Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, решија да и приредат изненадување на нивната сакана ќеркичка Хана, но и самите да се разгалат со една поинаква – безусловна љубов.
Животот на децата секогаш е пошарен и повесел кога имаат свое милениче, а мама и тато одлучија тоа да го направат за Хана, со што во домот сега имаат уште еден член, бело неодоливо зајаче.

Таа е многу мала, па допрва ќе се учат на нови работи и ќе разменуваат убави моменти.

Секако, најсреќна е Хана која сега има ново другарче, но очигледно и мама Тамара која не може да и одолее на играта со долгоушестиот белчо.

foto:instagram