Радио Милева сонмеж

Се огласи поранешниот на Цеца: Богдан Срејовиќ призна дали е во врска со Јована Љубисављевиќ (фото)

Се огласи поранешниот на Цеца: Богдан Срејовиќ призна дали е во врска со Јована Љубисављевиќ (фото)

Веќе извесно време низ градските кругови кружат гласини дека поранешната учесничка на „Задруга“ Јована Љубисављевиќ, по раскинувањето со Стефан Кариќ, влегла во емотивна врска со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ.  Сега тој  за прв пат проговори за тоа.

Богдан тврди дека се работи за дезинформација, и дека ќе биде принуден да ја бара правдата преку судовите доколку продолжат да се шират неточни информации за неговиот приватен живот.

Сè што можевте да прочитате во медиумите за мене и мојот приватен живот беше апсолутна лага. Поради оваа причина, за прв пат сум принуден да реагирам и да ги демантирам сите медиумски наводи – изјави Богдан преку Инстаграм.

За потсетување, сомнеж предизвика тоа што Богдан и Јована се заследеа на Инстаграм, а потоа, наводно, се напиле и си размениле телефонски броеви во познат белградски клуб, каде бил ангажиран како менаџер.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Богдан Срејовиќ/Јована Љубисављевиќ

To top