Пејачките Сара Јовановиќ и Наташа Беквалац имаа многу интересно снимање, кога и двете позираа голи пред објективот.
Пејачките ги запалија социјалните мрежи со нов сет фотографии на кои позираа целосно голи во топла прегратка, а интимните делови ги прекрија со зелена боја.
Колешките беа облечени само во зелена боја, па направија серија провокативни фотографии за кои сега сите зборуваат.
– Зошто гордоста е истото прашање како и Зошто спас. Зарем гордоста не е основа на секое спасение? Горда сум затоа што се спасив. И како се спасив? Ех, сега. Тоа е веќе филозофијата на мојот живот. Мојата филозофија за живот и спас лета на крилјата на љубовта. А што е љубов освен Бог? Не е виновна Ева, ниту змијата, ниту Адам. На крајот на краиштата, змијата не е жена. Змијата е Луцифер маскиран кој го вовлекол човекот во грев. Дали Адам е маж? А Ева? Кој и веруваше на змијата и кој плати најмногу на Земјата за таа лековерност? Но, што е грев? Набројување на десетте Божји заповеди? Можеби единствениот грев е да се негира љубовта. На крајот на краиштата, Господ сите нè создаде со љубов – напиша меѓу другото Беквалац на Инстаграм.
Провокативните фотографии со брзина на светлината се проширија на социјалните мрежи, а зборуваме за серијалот фотографии направени од Милош Надаждин кои беа претставени на изложба во рамките на Еуропрајд.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац