Радио Милева „Стапува во сила“

Откриен датумот за стартот на новата македонска серија „Куќен притвор“, а веќе е познато и дали ќе има нова сезона на „Преспав“ (видео)

Откриен датумот за стартот на новата македонска серија „Куќен притвор“, а веќе е познато и дали ќе има нова сезона на „Преспав“ (видео)

Неодамна продукцијата „ОХО“ најави дека наскоро ќе започне да се емитува нова македонска серија насловена „Куќен притвор“ која е „spin-off “ серија на најпопуларната ТВ серија „Преспав“.

Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија и платформата Gley.tv, а во главна улога е инспектор Томе, односно актерот Горан Стојаноски.

Најнова е што на нивниот профил на Инстаграм открива дека куќниот притвор на инспектор Томе стапува на сила на 19-ти септември – поделник на гореспоменатите феквенции.

Терминот е закажан за 20 часот и 15 минути кога времето за хумор и смеа започнува. Следбениците беа заинтересирани и дали ќе има нова осма сезона на популарната серија „Преспав“ на што веднаш и добија потврден одговор.

-Скако дека ќе има нова сезона, гласеше коментарот на одговорините на страницата „Пансион Преспав“.

За потсетување, виш иснпектор Томе ќе биде уапсен во пансионот на браќата Бузалевски, но наместо затвор ќе му биде одреден 30 дневен домашен притвор.

Покрај Горан Стојаноски, ќе ги гледаме и актерите Сашко Коцев, Зоран Љутков, Денис Абдула, Ирена Ристиќ…

фото:Принтскрин Инстаграм/Куќен притвор

Поврзани теми

To top