Радио Милева кој ја лаже јавноста?

Да ја одбиеш „Жена од султана“ мора или да си геј или да си Адам: Тој тврди дека таа цела вечер го мувала на сплав, Тијана се смее и вели дека ја молел да му помогне да стане познат!? (ФОТО)

Да ја одбиеш „Жена од султана“ мора или да си геј или да си Адам: Тој тврди дека таа  цела вечер го мувала на сплав, Тијана се смее и вели дека ја молел да му помогне да стане познат!? (ФОТО)

Од мноштвото потенцијални учесници во најновата шеста сезона Адам Лабунски, е единственото машко или поточно еден од двајцата македонски претставници во најгледаното  регонално реално шоу „Задруга 6“. Така е барем засега…  Македонскиот пејач инаку е некогашен учесник во „Пинковите ѕвезди“ и „Ѕвездите на Гранд“  од каде беше дисквалификуван и запаметен по кавгите и расправиите со  еден од колегите, а неговиот татко Ибро и со членовите на жирито.

Адам и сега се обидува по секоја цена да го привлече вниманието на јавноста, да стане интересен, забележан и запаметен… Само што во „Задруга 6“ не пее туку раскажува приказни, или поточно искуства и догодовштини од сопствениот живот… Овој пат, наводно од професионално-љубовниот.

Имено, Лабунски  непосредно пред влегувањето во имагинариумот, тврдеше дека  во моментов популарната пејачка и „Гранд ѕвезда“, Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, наводно, упорно го „напаѓала и мувала“ цела вечер на еден белградски сплав, но тој воопшто не бил заинтересиран за неа.

„Едвај и побегнав на Тијана. Ме ‘муваше’ цела вечер. Ми велеше дека многу и се допаѓам. Неколку пати се обиде да ме бакне, но јас не бев во тој фазон. Таа е слатка девојка, но јас и реков дека сум зафатен и не сум подготвен за авантури од тој тип“ –  рекол Адам за српски Курир при влезот во „Задруга 6“ и додал:

„Не и беше сеедно, а подоцна и самата ми кажа дека и таа е зафатена и дека има момче, но дека не е среќна со него и дека е пред раскинување. Не ѝ дадов повод било што да помисли, но беше многу непријатна ситуацијата. Бев изненаден што е толку нападна, но другите луѓе кои беа со нас во друштво ми рекоа дека е таква кога некој и се допаѓа“  рекол Адам.

Она што го кажала Тијана пак, дијаметрално се разликува од изјавата на Адам Лабунски.

За да ја слушнат и нејзината страна од приказната, српкиот портал ја повикал и Тијана М., која пак вели дека оваа приказна е смешна и дека преку неа Адам Лабунски само сака да стекне  популарност.

„Искрено се смеам на ова. Како да коментирам момче кое бараше да му помогнам за да стане популарен пред влезот „Задруга“? – рекла пејачката.

Дали навистина ова се случило, дали Тијана М. го „мувала“ Адам или ам си ја измислил приказната заради популарност – не е познато?

Како што не е познато ни ако ја одбил, дали ја „одбил“ затоа што и е верен на својата свршеница Џејлана Дачиќ, со која наголеми ѕвона ја обзнани свршувачката пред две години која се случи на Босфорот, на нивното романтично патување во Истанбул кое Адам очигледно тогаш добро го испланирал.

Арно ама, оттогаш до сега се’ остана само на тоа, до свадба не дојде, а во меѓувреме исчезнаа и заедничките фотографии на пејачот и неговата свршеница од неговиот Инстаграм, а Адам неа ниту пак ја спомена, дури ни при влезот во „Задруга 6“ и не  појасни дали е се’ уште верен или е повторно соло?

Сепак, едно е сигурно: Ако навистина таа вечер на белградскиот сплав се случило така како што кажува Лабунски, секое вистинско машко ќе ви го каже истото… Да ја одбиеш „Жена од султана“, мора или да си геј или да си Адам!?

Фото: Инстаграм принтскрин/adamlabunski/tijanamilentijevic.official

 

 

To top