Мегафон

Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ викендов во Берово

Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ викендов во Берово

Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово викендов (17 и 18 септември) ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во пинг-понг ,,Зегин Опен 2022″. Вкупно пријавени се 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, кои ќе се натпреваруваат во четири категории.

-Натпреварите се во сениорска и јуниорска конкуренција и ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување и тоа квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите ќе се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови, информираа организаторите.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.

-Жрепката е закажана за утре, 14 септември, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг. Натпреварите ќе започнат со почеток од 9 часот. Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот, додадоа организаторите.

Помагател на турнирот е Пингпонгарската Федерација на Македонија, а турнирот целосно се одржува под комплетно спонзорство на компанијата „Зегин“.

To top