Радио Милева враќање на гол(ем)а врата...

Некогаш најпознатата српска стриптизета се врати: Од Весна Почуча – Шана нема спас, еве ја назад, како пиштол гола милфица на „Оnly Fans“ (ФОТО 18+)

Некогаш најпознатата српска стриптизета се врати: Од Весна Почуча – Шана нема спас, еве ја назад, како пиштол гола милфица на „Оnly Fans“ (ФОТО 18+)

Весна Почуча – Шана (50), некогаш најпознатата српска стриптизета, која „жареше и палеше“ со своите бујни гради на настапите, во музички спотови и филмови, сега одново е главна ѕвезда на апликацијата „Only Fans“, каде што ги продава своите голи фотографии и клипчиња.

Оваа платформа доживеа најголем подем за време на пандемијата на коронавирусот, кога луѓето бараа нови можности за работа од дома. Шана исто така отвори профил за време на локдаунот.

„Ме убедија моите следбеници на социјалните мрежи. На Интернет имаше стари фотографии од мене, па сакав да имам и нови, но тука видов можност и за  заработка“.

„Бројот на следбеници само расте, без никакво платено рекламирање “ –  раскажува како започнала:

„Пред да ја отворам таа апликација, седнав со син ми да разговарам и да се консултирам со него околу мојата одлука. Не му се допадна, но ме поддржа. Кога му ја покажав заработката, која е навистина фантастична и далеку подобра од салонот за масажа кој го работиме, тој беше воодушевен“ – вели Шана.

Нејзините претплатници не се само од Србија, туку и од други земји:

„Се повеќе од нив се од странство. Секако дека има и наши луѓе. Благодарение на Инстаграм, многумина од нив постојано ме следеа. Самиот Инстаграм ме стави во нивниот пребарувач, па прегледите и лајковите вртоглаво пораснаа без јас да им се обратам или да платам. Понекогаш ми е тешко да се сликам затоа што треба да изнајмите убави станови, апартмани, од друга страна, верувајте, ги покачив дури и цените на масажите само за да имам помалку работа во салонот, зашто заработката од страницата за возрасни е многу добра“ – вели некогашната ѕвезда меѓу српските стриптизети.

Фото: Инстаграм принтскрин/vesna.pocuca.sana/Приватна архива

 

Поврзани теми

To top