Не секој обожавател на британското кралско семејство беше среќен што имаше можност да ја запознае Меган Маркл. Кога Маркл се појави пред замокот Виндзор со нејзиниот сопруг, принцот Хари, војводата од Сасекс и двајцата прошетаа со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, за да ги погледнат цвеќињата и другите подароци што членовите на јавноста ги оставија во чест на кралицата Елизабета Втора.
Додека многумина и се обраќаа додека ја поздравуваше толпата, неколку од нив ѝ кажаа на Меган Маркл дека не е добредојдена во Британија.
So this is Meghan Markle trying to shake hands with the British public. She gets ignored, laughed at and humiliated.
This country has a rotten racism problem… & notice how they’re all middle aged white women?
Daily Mail reading, racist Karens.
Absolutely abhorrent behaviour. pic.twitter.com/RLjkI4BI4k— molly-mae (@mollymaecosplay) September 11, 2022
Имено, додека актерката од серијата „Suits“ се шетала и се поздравувала со насобраната толпа, две жени одбиле да и подадат рака, па дури и се смееле една на друга додека Маркл минувала покрај нив. Трета дури и ставила очила за сонце и намерно го држела својот мобилен телефон во раце за да се осигура дека нема да мора да се ракува со војвотката од Сасекс.
„Дамата во сино и другите сме сите ние. Тие одбиваат да се ракуваат со Меган Маркл, војвотката од Нетфликс“, напиша еден корисник на Твитер.
„Ова е гласна порака. Таа треба да се врати во Калифорнија што е можно поскоро. Тие навистина ја мразат поради непочитување
на Обединетото Кралство“, изјави друг корисник на социјалните мрежи.
Но, имаше и такви на кои не им се допадна однесувањето на споменатите жени.
A 14-year-old was able to hug Meghan Markle, and said she did it to show her that “she’s welcome here” pic.twitter.com/2untm4UIYu
— philip lewis (@Phil_Lewis_) September 10, 2022
„Она што го гледаме овде покажува дека војвотката од Сасекс има достоинство и интегритет, додека луѓето кои одбиваат да се ракуваат немаат. Тие немаат политичка агенда бидејќи не може да има, тоа е само нивната перцепција за црна жена која го отфрлила кралското семејство“, додаде еден корисник.
На нив им одржа „лекција“ 14-годишно девојче кое беше снимено како се гушка со Меган. Таа пред собраниот печат изјави дека тоа е „правилно нешто“ и покрај „сè што се случи“ меѓу актерката и кралското семејство.
Фото:Принтскрин/Твитер