Радио Милева Ни ги одбележа животите...

Здравко Чолиќ со потресни зборови се прости од Бата Ковач: „Изгледаше како засекогаш да ќе бидеш тука…“

Здравко Чолиќ со потресни зборови се прости од Бата Ковач: „Изгледаше како засекогаш да ќе бидеш тука…“

Големиот композитор, музичар и уметник Корнелије Бата Ковач почина денеска на 81-годишна возраст, од последиците од коронавирусот. По повод тажната вест која го обиколи регионот, еден од првите кои се јавија со проштални зборови е и неговиот долгофодишен соработник и голем пријател, Здравко Чолиќ.

„Се чинеше дека ќе бидеш таму засекогаш. Ви благодариме за музиката… за делата што ги создаде… за зборовите на грижа и љубов што ги имаше за сите нас.  Ни ги одбележа животите. Ти благодарам Бато за се!“ – стои во објавата на Здравко Чолиќ на Инстаграм.

Да потсетиме, Корнелије и Здравко Чолиќ соработуваа со децении.

Бата Ковач ги напиша многубројните  хитови на Чола, како: „Април у Београду“, „Живиш у облацима мала“, „Звао сам је Емили“, „Једна зима са Кристином, „Једина“, „Маѓарица“, „Пјевам дању-пјевам ноќу“, „Станица Подлугови“, „Ти можеш све“, „Ти си била, увјек нај“, „Ти си ми у крви“… и многу други.

Фото: Dragan Kadić, Damir Dervišagić/Инстаграм принтскрин/zdravkocolicofficial

 

To top