Радио Милева атрактивна

Во преден план витките исончани нозе: Амал Клуни ги засени сите присутни на премиерата на филмот на Џорџ Клуни (фото)

Во преден план витките исончани нозе: Амал Клуни ги засени сите присутни на премиерата на филмот на Џорџ Клуни (фото)

Амал и Џорџ Клуни пристигнаа во Лондон по повод премиерата на новиот филм „Ticket to Paradise“ во кој тој ја толкува главната улога, а убавата адвокатка со своите атрактивни изданија ги фрли во втор план сите актери.

Прво се фотографираше на црвениот тепих во гламурозна креација, а потоа на забавата по црвениот тепих и премиерата се појави во краток жолт фустан кој го откри нејзиниот најголем адут – витките исончани нозе.

Адвокатката со либанските корени блесна во гламурозен фустан украсен со мали мониста со тенки прерамки кои ја истакнуваа нејзината завидна фигура, а изгледот го заокружи со елегантна фризура, златна клач чанта и црвен кармин.

Г-ѓа Клуни е добро позната по својот софистициран моден вкус, па по долгиот фустан украсен со светкави мониста во нежна нане нијанса во кој воодушеви на црвениот тепих на лондонската премиера, се одлучи за нешто похрабро за забавата.

Амал (44) сака да избира комбинации кои и ласкаат на нејзината витка линија и ги истакнуваат нејзините беспрекорно обликувани нозе, а одличен избор се покажа и мини фустанот со долги ракави во светло жолта боја.

Инаку, на премиерата на филмот „Ticket to Paradise“ на Клуни им се придружи и Џулија Робертс, која има долгогодишно пријателство со Џорџ.

„Ticket to Paradise“ е првиот филм по „Money Monster“ од 2016 година во кој заедно глумат Џорџ Клуни и Џулија Робертс. Пред тоа, тие глумеа заедно во „Oceans Eleven“ и „Oceans Twelve“.

Во она што сигурно ќе биде голем хит оваа есен, Џулија Робертс и Џорџ Клуни играат разведен пар кој 25 години по нивната венчавка заедно патуваат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка што тие ја направија.

Фото:Принтскрин/Инстагарам/amalclooneyofficial1/Профимедиа

 

To top